Проблемот не бил со стомакот на обвинителите: УЈП дури во петокот доставила документи до обвинителството за претресите во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов

t

По првпат во предистрага обвинителството побара одземање на пасош, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Станува збор за предметот поврзан со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, за кој дел од медиумите пред неколку дена објавија дека има опструкции од страна на обвинителството, по претресите што се случија во септември. Според Коцевски, предметот сè уште е во предистрага, а документите од УЈП, како што вели, ги добиле дури во петокот, односно четири месеци по големата акција.

– По наредба на Јавното обвинителство дури сега од страна на Управата за јавни приходи, извршени се контроли во скоро деведесет отсто од фирмите, и сега е доставена, точно, во 17 часот во петокот. Во однос на предистрагата само можам да кажам дека во моментот на претресите Јавното обвинителство побара од судот да му се одземе пасошот. Првпат можам да кажам е тоа досега, во предистрага да му се одземе пасош. Знаете, досега колку сме имале предистраги па ништо, не е одземен пасошот, рече Коцевски.

Во известувањето што од ОЈО ГОКК го испратија до медиумите за време на викендот се посочува дека уште во септември побарале од УЈП да им ги достави записниците од спроведените контроли. Но, по првпат официјално им биле доставени на 10 јануари и тоа попладне, околу 17 часот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите ги сакаат Доналд и Владимир: Може…

Откако се појави можноста за средба меѓу…

Проблемот не бил со стомакот на обвинителите:…

По првпат во предистрага обвинителството побара одземање…

Вработените во јавната администрација денеска на протест,…

Шест министерства и две државни институции денеска…

Блумберг: Маск го купува американскиот Тикток, дали…

Кинеските власти проценуваат потенцијална опција која вклучува…

ФСБ: Спречен украински терористички напад со отровни…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска…