Отиде јабана: Повеќе од половина од жителите на Гренланд сакаат да се приклучат на САД
Околу 57,3 отсто од населението на Гренланд го поддржува предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, островот да стане американска територија, покажа новото истражување.
Бројот на оние кои го одбија предлогот на Трамп е 37,4 отсто, а неодлучни се 5,3 отсто, објави американската истражувачка компанија „Патриот Полинг“.
„Нашето истражување открива дека значително мнозинство од жителите на Гренланд го поддржуваат приклучувањето кон САД“, се вели во изјавата на анкетарот.
Според „Патриот Полинг“, истражувањето вклучило 416 испитаници во Гренланд, а било спроведено помеѓу 6 и 11 јануари, додека Доналд Трамп Јуниор, синот на новоизбраниот претседател, бил во посета на данската автономна територија.
Трамп, кој ѝ понуди на Данска да го купи Гренланд уште за време на неговиот прв мандат, се врати на ова прашање во последните недели. На прес-конференција минатиот вторник, тој одби да ја отфрли можноста за употреба на сила за да го стави најголемиот остров на светот под контрола на Вашингтон, велејќи: „Можеби ќе треба да се направи нешто… Гренланд ни треба за национална безбедност“.
Гренландскиот премиер Муте Егеде во петокот истакна дека островот е на гренландскиот народ. Не сакаме да бидеме Данци, не сакаме да бидеме Американци“.
Желбата на островјаните е да бидат независна нација, рече премиерот, ветувајќи дека гласањето за ова прашање „ќе дојде наскоро“.
Сепак, Егеде истакна дека е „подготвен да разговара“ со Трамп и изрази желба да продолжи да соработува со САД во иднина.
Во 2008 година, Гренланд одржа необврзувачки референдум за зголемена автономија од Данска, што резултираше со одобрение од 75% од гласачите и 72% излезност. Ова доведе до Акт за самоуправа од 2009 година, со кој на островот му беше дадена поголема контрола врз неговите внатрешни работи.
На површина од 2,2 милиони квадратни километри (околу шест пати поголема од Германија), Гренланд е дом на помалку од 57.000 луѓе, а 80% е покриен со мраз. Островот е богат со наоѓалишта на злато, сребро, бакар и ураниум, а се верува дека има огромни резерви на нафта во неговите територијални води.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отиде јабана: Повеќе од половина од жителите…
Околу 57,3 отсто од населението на Гренланд…
Левица: За рекордните профити на трговците плаќаат…
Во услови кога цените на основните производи…
Гувернерот на Калифорнија и Маск се препукуваат…
Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на…
Во Белград нападнати студенти кои ги блокирале…
Седуммина студенти, кои во текот на ноќта…
Шолц: Инцидентите во Балтичко Море се дел…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека…