Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници
Историскиот криминал на „Бехтел и Енка”, како што говореше Мицкоски во опозиција, сега токму неговата влада има намера да го реализира со странски работници, кои во својата биографија можат да имаат дебело криминално досие. Според иницираните измени од МВР, во државава би можеле да добијат вработување и престој лица кои не направиле кривични дела, но само во годината пред да аплицираат, велат од Левица.
– Дополнително, според предложените измени, Агенцијата за вработување повеќе нема да дава мислење, туку таа обврска ќе ја има само полицијата.
Претходно, судот ја оправда катастрофалната “доверба” од 2% и ги отфрли тужбите на жителите од Ореовец, кои бараа да престане минирањето на камен. Образложението наведува дека Законот за ,,Бехтел и Енка” бил над сите закони и немало основа за забрана, којашто направи неповратна еколошка, но и материјална штета. За овој случај, сега веќе актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, активно протестираа со жителите, но денес тие мораат заштитата на основните човекови права да ја бараат во Стразбур, откако партијата на Мицкоски ги извиси.
Лицемерните ДПМНЕ и ЗНАМ продолжуваат со тајна реализација на историскиот криминал. Левица повторно бара транспарентно да се објави целиот договор. Го повикуваме и Основното јавно обвинителство да започне соодветна истрага во врска со овој таен договор. Доколку со истиот е направена штета, итно да биде санкциониран и да се поднесе одговорност, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата, се вели во соопштението од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…