Прв голем штрајк за новата влада, протестира администрацијата, платите се прениски
По седум месеци владеење новата влада денеска се соочи со првиот посериозен протест – лимитираниот штрајк на вработените во неколку министерства, Заводот за статистика и Архивот. Незадоволните административци бараат потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за земјоделство, за правда, за култура, за економија и за транспорт.
Владата, преку портпаролката Марија Митева, веднаш го оквалификува протестот како незаконски и политички мотивиран.
Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска изјави дека протестите ќе продолжат секој ден од 11 до 11,30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.
„Почнуваме денеска бидејќи се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневен ред, со што ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените. Во изминатиот период од изборот на новата Влада, остваривме средби со речиси сите ресорни министри и по преговори со нив, заеднички подготвивме предлог-колективни договори, потоа со поддршка на ресорните министри беа испратени до Министерството за финансии“, рече Деаноски на протестот пред Министерството за животна средина.
Тој тврди дека тие предлог-колективни договори биле поднесени до Министерството за финансии пред носење на Буџетот за 2025 година, но не биле одобрени средства за нивно потпишување. Деаноски вели дека причините за ваквиот потег на Министерството за финансии биле „неразбирливи“.
Висината на платите на вработените во институциите кои денеска протестираат, како што нагласи Деаноски, почнува од 25 илјади денари.
„Просечната плата во овие институции е околу 29.000,00 денари, а просечната плата исплатена на ниво на држава изнесува 42.124,00 денари. Додатокот што го бараме од 30 отсто значи дека вработените би добиле 6.000 денари зголемување на плата, но и покрај тоа, сите вработени повторно ќе бидат под просечната плата на државата. Ова наше барање е старо повеќе од четири години. За овој додаток на плата протестиравем и штрајкувавме години наназад, но, за жал, ниту една влада досега не излезе пресрет на нашите барања“,Деаноски.
Според него, не постои никаква уставна, ниту законска пречка, да се потпише колективен договор во која било институција, но дека нивната намера не е да му нанесат штета на државниот буџет, туку „преку дијалог со Владата да се изнајдат средства за потпишување на колективните договори во рамки на буџетот“.
Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски
Во однос на штрајкот на вработените во Државното правобранителство којшто започна на 8 јануари, претседателот на Синдикатот на УПОЗ рече дека нема никакво поместување.
„Вчера повторно имавме преговори со државниот правобранител. Всушност, има ‘поместување’, а тоа е дека вработените добиваат решенија со што им се намалува платата за 40 отсто за време на штрајк. Моментално добија само колегите од Тетово, бидејќи кај нив штрајкот почна порано. Сега се подготвуваат исти решенија за сите вработени кои се во штрајк“, додаде Деаноски.
Од Владата на протестот за поголеми плати му доадоа политичка боја.
„Секој штрајк треба да биде организиран во согласност на Законот за работни односи и колективните договори; да биде најавен согласно законот; да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, штрајкот е незаконит и политички мотивиран“, рече портпароклата на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв голем штрајк за новата влада, протестира…
По седум месеци владеење новата влада денеска…
Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел…
Историскиот криминал на „Бехтел и Енка”, како…
Израел и Хамас никогаш не се поблиску…
Министерот за надворешни работи на Катар, земјата…
(Видео) За Владата протестите на УПОЗ се…
Владата е изненадена што УПОЗ како прв…
(Видео) Талески: Експресниот пат Градско – Дреново…
Почитувани граѓани на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево,…