Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово на Попова Шапка е најстудено, -10 степени и има најмногу снег, 60 сантиметри.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 53 сантиметри во Маврови Анови, 36 во Крушево, 28 во Битола, 25 во Дебар, 24 во Тетово, 21 во Штип, 20 во Демир Капија, 18 во Берово и Прилеп, 14 во Претор, 12 во Виница и Струмица, 8 во Охрид и 4 во Крива Паланка.
До 08:30 часот се иземерени -7 степени во Маврови Анови и Крушево, -6 Берово, -3 Битола, Дебар, Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Претор, -2 Охрид, Виница, Куманово, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 0 Велес и 2 степена во Гевгелија.
Најмногу врнежи изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Велес, два литра на метар квадратен, како и по еден метар во Скопје-Петровец, Попова Шапка, Кавадарци, Берово, Тетово, Крушево и Дебар.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 4 степени. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово на Попова Шапка е најстудено, -10…
Тажна вест го потресе македонскиот ракомет, почина…
Тажна вест го потресе македонскиот ракомет –…
Затвореник истепал полицаец во КПУ „Идризово“
На 13.01.2025 во 21.30 часот во СВР…
Штетите од пожарите во Калифорнија се проценуваат…
Вкупните штети и економски загуби предизвикани од…
Кристерсон: Шведска не е во војна, но…
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави денеска дека…