Шок и неверување во РК Тинекс Пролет: Само неколку часа пред смртта, Јовиќ го водеше тренингот на нашата екипа

t

Нестварно делување тажната вест која проструи утрово и во црно ја зави македонската ракометна јавност, дека почина Александар Јовиќ. Некогашниот македонски репрезентативец и актуелен тренер на екипата на Тинекс Пролет имаше само 51 година.

Токму од неговата екипа Тинекс Пролет се јавија со соопштение во кое се шокирани од веста, затоа што ништо претходно не навестувало дека може да се случи трагедија. Само неколку часа пред смртаа, односно вчера попладне, Јовиќ бил на тренингот и ја предводел екипата. Тагедијата се случила во раните утрински часови.

„Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.

Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.

Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот.

Искрено сочувство до семејството,
РК Тинекс Пролет“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…