Заврши новогодишната кошничка, нема најави за нови поскапувања
Новогодишната кошничка заврши денеска, а од Министерство за економија и труд, тврдат дека Новогодишната кошница била успешна, а што ќе следи понатаму зависи и од берзантските цени, но и од фактот дали ќе се почитува Законот за нефер трговски практики
Надлежните се задоволни од новогодишната кошничка бидејќи, според нив, таа дала ефекти и цените на храната и пијалоците во декември бележат намалување во однос на ноември. Граѓаните со забелешка дека нема некоја голема промена во намалувањето на цените, а од опозицијата, ваквите мерки ги оценија како целосно промашени.
Според ресорот на министерот Бесар Дурмиши, новогодишната акциска продажба каде што беа вклучени во најголем дел прехранбени и безалкохолни пијалаци го дала својот ефект и цените на храната и пијалаците во декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година.
Се очекува и во статистичките податоци за месец јануари 2025 година во однос на декември 2024 година да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалаци, смета министерот за економија и труд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…