Објавено на:

(Видео) Жестоки напади на украински дронови во Русија: Горат фабрика за барут и резервоари за нафта

t

Руските медиуми јавија за голем напад на украински беспилотни летала врз регионот Тамбов, кој, според достапните информации, бил насочен кон фабрика за барут во селото Кузмино-Гат.

Според податоците од руските телеграмски канали „Меш“ и „Шот“, објавени од „Украинска правда“, локалните жители забележале голем број беспилотни летала. Според украинскиот медиум жителите ја слушнале и руската воздушна одбрана и виделе блесоци на небото.

Мета на украинските дронови фабрика за барут и резервоари за нафта

Покрај овој напад, руските медиуми објавија и напад на нафтен резервоар во областа Воронеж. Локалните власти го потврдија инцидентот, а пожарот што избувна при нападите се уште трае. „Киев пост“ на социјалната мрежа „Х објави дека украинските беспилотни летала погодиле фабрика за барут во близина на Тамбов, која е клучен снабдувач со експлозиви за воената машинерија на Путин. Во соопштението се појавија и снимки од нападот, додека беше наведено дека во текот на претходната ноќ биле забележани експлозии во четири различни региони на Русија.

Сепак, некои проукраински извори тврдат дека беспилотните летала, кои наводно целеле на воена база во регионот Тамбов, биле електронски попречени и наместо тоа удриле во блиската дестилерија за алкохол. Киев се уште официјално не ги коментирал овие напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…