Тројца повредени во тешкиот судир во Центар
Три лица се повредени во тешката сообраќајка која се случи синоќа во Центар, а за која беа споделени видеа на социјалните мрежи.
Како што соопшти МВР, околу 21:55 часот, на крстосницата од булевар „Св. Климент Охридски“, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Димитрие Чуповски“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „пежо боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Е. (59) од Скопје, и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И. (47) од село Волково, скопско.
Според информациите од полицијата, во незгодата се здобиле со телесни повреди двајцата возачи и уште една сопатничка во товарното возило, Ф.Е. (46) од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана медицинска помош.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…