Суфицитот во меѓународната трговија на еврозоната е 16,4 милијарди евра
Првите проценки на билансот на еврозоната покажаа суфицит од 16,4 милијарди евра во размена на стоки со остатокот од светот во ноември 2024 година, во споредба со 18,2 милијарди евра во ноември 2023 година.
Извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во ноември 2024 година изнесува 248,3 милијарди евра, што е намалување за 1,6 отсто во однос на ноември 2023 година (252,4 милијарди евра), објави Евростат.
Увозот од остатокот од светот изнесува 231,9 милијарди евра, што е пад од еден процент во однос на ноември 2023 година (234,2 милијарди евра).
Во ноември минатата година, суфицитот на еврозоната е зголемен речиси двојно во однос на октомври, од 8,6 милијарди евра на 16,4 милијарди евра. Овој пораст главно се должи на зголемувањето на вишокот на хемикалии и сродни производи (од 20,7 милијарди евра на 23,4 милијарди евра) и на поместување на салдото за други производни производи (од минус 1,2 милијарди евра на 1,9 милијарди евра).
Билансот на Европската унија покажа суфицит од 14,3 милијарди евра во размена на стоки со остатокот од светот во ноември 2024 година, наспроти 17,2 милијарди евра во ноември 2023 година.
Извозот на стоки надвор од ЕУ во ноември 2024 година изнесува 223,1 милијарди евра, што е за 1,2 отсто помалку отколку во ноември 2023 година (225,8 милијарди евра).
Увозот од остатокот од светот изнесува 208,8 милијарди евра, што е за 0,1 отсто повеќе отколку во ноември 2023 година (208,6 милијарди евра).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приемот на Бугарија во Еврозоната може да…
Бугарија на почетокот на годинава стана 21-ва…
Бугарија го слави влегувањето во еврозоната, левот…
Членката на ЕУ, Бугарија, го одбележа влегувањето…
Бугарија се разбуди во еврозоната: ЕЦБ осветлена…
Од денеска еврото е официјална валута на…
Fitch и S&P го подобрија кредитниот рејтинг…
Во вонредни акции за рејтинг, меѓународните агенции…
Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…
„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…