Нови избори во Романија дури во мај

t

Владата на Романија најави дека во мај ќе се одржат нови претседателски избори, откако Врховниот суд со спектакуларен пресврт ги поништи претседателските избори на 6 декември, два дена пред вториот круг, тврдејќи дека исходот од првиот круг од изборите бил резултат на руското мешање, објави Ројтерс.

Врховниот суд пресуди дека водечкиот кандидат Калин Георгеску, критичар на НАТО алијансата, имал корист од нефер кампањата на социјалните мрежи, која, според судот, најверојатно била организирана од Русија, што Москва го негира. Судот тогаш нареди изборите да се прегласаат во целост.

На проевропската коалициска влада остана да го одреди датумот на изборите.

„Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 4 мај, а вториот круг на 18 мај“, изјави владиниот портпарол Михаи Константнин.

По одлуката на Уставниот суд, Романија, која е членка на ЕУ, беше цел на приврзаниците на 62-годишниот претседателски кандидат Георгеску, кој извојува изненадувачка победа во првиот круг.

Властите го обвинија дека имал корист од нелегалната кампања на TikTok, а Европската комисија започнала истрага.

Десетици илјади Романци изразија гнев поради поништувањето на претседателските избори, барајќи повторување и оставка од актуелниот претседател Клаус Јоханис.

Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември, ќе остане на власт до изборот на неговиот наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…

Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…

Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…

Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…

Силен земјотрес во Романија!

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според…

Романскиот премиер поднесе оставка

Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека…