Културата со поддршка за студентие: Сите театри во Белград, Нови Сад и Сомбор ги откажаа вечерашните претстави по инцидентот со прегазената студентка
Сите белградски театри, Српскиот народен театар од Нови Сад и Народниот театар во Сомбор соопштија дека ги откажуваат вечерашните претстави поради вознемирувачкиот напад со автомобил во Белград, во кој беше прегазена 20-годишна студентка на Правниот факултет, која е тешко повредена.
„Почитувана публика, длабоко вознемирени од обидот за убиство што се случи денеска пред техничките факултети во Белград, на тротоар, за време на петнаесетминутната почит на жртвите во Нови Сад, уметничките ансамбли на сите белградски театри, заедно со Народниот театар во Белград и Српскиот народен театар во Нови Сад и Народниот театар во Сомбор, со едногласна одлука, се откажуваат вечерашните претстави“, се вели во соопштението кое вечерва беше прочитано пред неколку театри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…