„Убијци!“ „Оставки!“, ечеше на протест во Подгорица – илјадници граѓани бараат одговорност по масакрот на Цетиње

t

Илјадници граѓани вечерва се собраа пред Министерството за внатрешни работи на Црна Гора на протест поради одговорот на властите на трагедијата на Цетиње од 1 јануари, кога жител на градот направи масакр, убивајќи 13 луѓе, негови пријатели и роднини.

Граѓаните собрани околу студентското движење „Каде утре“ уште еднаш побараа оставки од највисоките функционери во безбедносниот сектор.

Протестниот марш започна од зградата на МВР, а заврши до зградата на Владата. Толпата извикуваше „Убијци, убијци!“ и „Оставка!“.

Насобраните граѓани истакнаа бројни транспаренти на кои пишуваше „Студентите против насилството“, „Оставката е минимална одговорност“, „Црна Гора и страдањата на Црна Гора“…

На еден од транспарентите беше истакнато и времето – „17:26“ кога беа убиени првите четири жртви и „23:32“ кога се самоуби масовниот убиец Ацо Мартиновиќ.

Цетиње на денот на трагедијата го обезбедувале само девет полицајци.

„Масакрот во Цетиње е последица на урнат систем и неодговорни постапки на властите“, изјави една учесничка на собирот.

Таа додаде дека државата не направила ништо за да ги заштити граѓаните:

„Никој не презеде одговорност и затоа прашуваме: Кој е одговорен? Каде се одговорните? Зошто молчат со денови?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ