Водици ќе се слави и во Долно Лисиче, светиот крст за прв пат ќе биде положен во езерото Јасика
Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно положување на светиот крст во водите на езерото Јасика. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан за кој се верува дека ќе прерасне во традиција.
– Во заедничка организација на Црковниот одбор при Храмот Света Троица и ресторанот Рибник Езеро Јасика ќе започнеме една традиција која се одржува секоја година. Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по крстот да се пријават кај секретарот Бобан Блажевски 070710378 или во самиот Црковен Храм Св.Троица со лични податоци и телефонски број како и доставена медицинска белешка за здравствената состојба на кандидатот. На сите кандидати ќе бидат доделени маици со натпис. За тој што ќе го фати крстот ќе биде доделена рачно изработена икона и уште една вредна награда, велат организаторите.
После фаќањето на светиот крст сите присутни ќе бидат почастени со топло чајче и греана ракија, а доколку некои од верниците во Долно Лисиче сака да донесе некое мезе или сукано истото ќе биде добредојдено. Да започнеме една традиција… – додаваат организаторите.
Одбележувањето започнува претпладне, околу 11 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…
Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…