Русија нема да има свој претставник на инаугурацијата на Трамп
Руските претставници, како што е планирано, нема да присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави за новинарите помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Тој потврди дека на инаугурацијата нема да присуствува ниту рускиот амбасадор во САД.
„Никој нема да ја претставува Русија на инаугурацијата. Вообичаено е да присуствува и амбасадорот. Доколку биде поканет и вршителот на должност амбасадор, ќе присуствува“, изјави Ушаков.
Асистентот на рускиот лидер со овие зборови одговори на прашањето кој ќе ја претставува Русија на настанот, имајќи предвид дека шефот на одделот за Северна Америка од Министерството за надворешни работи на Русија, Александар Дарчиев, кого медиумите го нарекоа можниот кандидат за функцијата руски амбасадор во САД, се уште не добил договор.
Ушаков исто така додаде дека Москва се уште не контактирала со тимот на Трамп.
Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…