Митев: Данските судии беа преригорозни, не ни дадоа да се вратиме!
По подвигот со Унгарија и ремито во првото коло, ракометарите не успеаја да ја наттрчаат брзата Холандија. Иако покажаа храбра игра, ривалот ги искорристи контрите, но и 13-те пенали кои ги доби од данските судии.
Нема простор за разочарување од овој пораз, ќе се атакува на победа во последното коло над Гвинеја и пласман во следната рунда, тоа го потврдува Марко Митев, кој искажа и незадоволство од судискиот критерум на арбитрите од Данска.
„Се држевме до 20-тата минута, но фокусот ни падна. Во второто полувреме имавме шанса да се вратиме, добро отворивме, но не ни дадоа двајцата судии. Македонија загуби од Холандија со помош на Данска. Последните десет минути од првото полувреме му дозволивме на ривалот да ја направи разликата и да го контролира мечот. Требаше да го успориме нивниот ритам, но не успеавме. Судискиот критериум беше преригорозен, 13 пенали, два црвени, ние добивме два црвени картони, имавме еден куп исклучувања… нема што да се зборува повеќе за тоа“
Македонија во последната рунда од првата фаза на СП 2025 ќе игра против дебитантот Гвинеја и со победа или реми ќе се пласира во наредната фаза каде би пренела еден бод заради ремито со Унгарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…