ТЕХНОЛОГИЈАТА ОДИ НАПРЕД: Се продава девојка-робот!

t

На најпознатиот настан за технолошки иновации во светот, ЦЕС 2025 (CES 2025), во Лас Вегас, во центарот на вниманието беше фасцинантна иновација:Арија, робот со вештачка интелигенција, дизајниран да биде придружник.

Роботот Арија ги остави посетителите и онлајн гледачите заинтригирани од „нејзините“ човечки квалитети и напредните карактеристики.

Со своите реални изрази на лицето, приспособлива личност и со футуристички дизајн, Арија создава дискусија околу иднината на роботиката, објави Интрестинг инџинеринг.

Движења на Арија се напојуваат со 17 мотори, лоцирани од вратот нагоре. Овие мотори му помагаат на роботот да ги имитира движењата на устата и на очите, правејќи ја да личи на човек.

Визијата за Арија оди подалеку од само уште еден производ со вештачка интелигенција. Извршниот директор на „Риалботикс“, Ендрју Кигел, ја сподели амбицијата на компанијата да создаде роботи кои не се разликуваат од луѓето.

За оние кои се заинтересирани да поседуваат своја девојка робот со вештачка интелигенција, „Риалботикс“ нуди 3 верзии на Арија. Првата верзија ги вклучува само главата и вратот и чини 10.000 долари. Втората верзија, модуларниот модел, може да се одвои и чини 150.000 долари. Најнапредниот модел, целосната верзија со движечка основа, има цена од 175.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР: Големо невреме во тиквешијата, а поројни…

Oд Управата јавуваат дека има нестабилно време…

Две лица од Тајван пронајдени мртви во…

Двајца луѓе, кои според информациите од МВР,…

Во Либија полн резервоар гориво чини колку…

Либија има една од најниските цени на…

Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…

Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…

Односите меѓу Москва и Берлин се на…

Некогашните односи за пример меѓу Русија и…