Зеленски сака сигнал од словачкиот народ за поддршка на патот кон ЕУ и НАТО

t

Украина е подготвена да разговара за енергетската безбедност и да и помогне на Словачка да постигне енергетска стабилност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека, сепак, важно е Киев да слушне сигнал од словачкиот народ дека ќе го поддржи украинскиот народ на нивниот пат кон ЕУ и НАТО.

„Оваа тема е чувствителна. Ние сме многу отворени, подготвени да му помогнеме на словачкиот народ за енергетска стабилност. Но, за нас е важно да слушнеме сигнал од словачкиот народ дека ќе го поддржи и украинскиот народ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, бидејќи тоа е од клучно значење за нас“, рече Зеленски за време на средбата со шефот на опозициската партија Прогресивна Словачка, Михал Шимечки.

Тој и се заблагодари на Словачка за поддршката за украинскиот суверенитет и потсети дека го поканил премиерот на земјата Роберт Фицо да ја посети Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…