Илире Даути очекува Гаши да го укине заклучокот за нејзино разрешување!

t

„Илире Даути очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да свика пленарна седница, на која ќе биде укинат заклучокот што беше усвоен минатиот петок во врска со барањето за нејзино отповикување од позицијата претседател на Комисијата за социјална политика. Во интервју за ТВ Алсат Илире Даути вели дека само така ќе се согласи да продолжи да ја води Комисијата.“ – објави ТВ 21.

Натаму ТВ 21 истакнува: Засега од кабинетот на Гаши нема одговор дали тој ќе испрати допис до Комисијата, за да се констатира дека ѝ изгласана недоверба на Даути. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат тој да го направи тоа тоа, односно да побара Комисијата за избори и именувања да ја спроведе постапката за разрешување на Даути. Од Европскиот фронт најавија дека до утре оваа коалиција ќе одржи состанок и ќе одлучи што ќе прав: дали Даути ќе остане претседателка на комисијата, или ќе предложат други кандидати за претседател на комисијата. Претседателот на Алијансата Зијадин Села изјави дека Даути ќе остане претседател на Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…

Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…

Од спонзорство на општинскиот клуб до паркинг-услуги…

Горан Герасимовски денес е потпретседател на СДСМ,…

Костовски до советниците од ДУИ и Влен…

Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет…

Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…

Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…