Објавено на:

Прекинот на огнот во Газа одложен, Хамас не ги објавил имињата на првите тројца заложници што ќе ги ослободи

t

Поради одложувањето, не е познато дали првите тројца израелски заложници ќе бидат ослободени во договореното време, денеска во околу 16 часот

Премиерот Бенјамин Нетанјаху го одложи прекинот на огнот во Газа што требаше официјално да стапи на сила во 7.30 часот, бидејќи Израел од палестинското движење Хамас не ги добил имињата на тројцата израелски заложници што треба да бидат ослободени попладнето.

Поради одложувањето, не е познато дали првите тројца израелски заложници ќе бидат ослободени во договореното време, денеска во околу 16 часот. Хамас презеде обврска да ги објавува имињата на заложниците што ќе ги ослободува 24 часа пред да ги предаде на договорените локации.

Хамас пред неколку часа потврди дека не ги објавил имињата поради „технички причини“.

Израелските сили, всушност, уште синоќа ги прекинаа воените дејства во Газа, но премиерот Нетанјаху објави дека Израел „го задржува правото да преземе акции“. Израелските одбранбени сили ги предупредија жителите на Газа „да не им се приближуваат на трупите ниту да се движат низ Газа сѐ додека прекинот на огнот официјално не стапи на сила.

– Ќе добиете соопштение со инструкции за методите за транзиција – порачаа израелските сили.

Во првата фаза од договорот за прекин на огнот по 15-месечната војна, во рок од шест недели Хамас треба да ослободи вкупно 33 израелски заложници – малолетници, жени и лица на возраст над 50 години, а Израел во исто време треба да пушти на слобода речиси од 2.000 Палестинци од затворите. Од Палестинците што треба да бидат ослободени, 737 се малолетници или жени. На списокот има и стотици жители од Газа што биле приведени во изминатите 15 месеци.

Во исто време, израелските копнени сили во Газа треба да се повлечат источно од населените места и да овозможат пристап на хуманитарни конвои во регионот, како и враќање на раселените лица во своите домови во северните делови на регионот.

Во втората фаза од договорот за прекин на огнот, Хамас треба да ги ослободи преостанатите заложници, веројатно околу 60, а во третата фаза би се воделе преговори за иднината на Газа и администрирањето, без Хамас. Израелските сили би се повлекле од сите населени места, но би се задржале в0 тампон-зона покрај границата, за да можат итно да реагираат „ако израелските власти оценат дека има закани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…

Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…

Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…