Борче Стефановски го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово
На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски.
Празнувањето започна со литургија која ја отслужија свештениците на тетовското намесништво кои потоа го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.
Ова ми е прва година што скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир, рече Борче Стефановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Во Македонија 43 случаи на западнонилска треска…
Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи…
(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините
Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…
Ангелов: Пожарот кај Никуштак е вон контрола,…
Состојбата со пожарите во Македонија и натаму…
Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…
По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…