Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река

t

Бојан Јовевски од Крива Паланка е среќникот што годинава го извлече крстот од осветените води на Крива Река.

Чествувањето на денешниот голем христијански празник, Водици, Богојавление, започна со свечена Богојавленска литургија, верниците од осум часот утрово присуствуваа на светата литургија во соборниот храм Св. Великомаченик Димитриј, по што се упатија кон мостот и кејот на Крива Река, каде свештенослужителите од Кумановско – Осоговската епархија, Кривопаланечко архиерејско намесништво ги осветија водите на реката.

По овој чин, чесниот крст беше положен во водите на реката, а најсреќен меѓу пријавените што успеа да го извлече богојавленскиот крст беше Бојан Јовевски, кој традиционално, доби вредносен ваучер од Зегин, 15.000 денари.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка ги поздрави присутните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба, честитајќи му на среќникот што го извлече крстот од водите на Крива Река.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Уапсени петмина вработени во болница во Зеница…

По смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип…