Синот на поранешниот украински претседател избегнувал воена обврска, казнет е со 600 евра

t

Украинските власти го казниле Алексеј Порошенко, синот на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, откако тој го игнорирал повикот за регрутација од воената служба, објавија украинските медиуми. Порошенко помладиот ќе мора да плати казна од 25.500 гривни (605 долари), која ќе се удвои ако не ја плати во предвидениот рок, јавуваат светските медиуми.

Алексеј Порошенко е прогласен за „виновен за административен прекршок“ за кој следува парична казна, според извештаите кои се повикуваат на одлуката на Воената канцеларија во Киев од 8 јануари.

Доколку не ја плати казната во следните 15 дена, износот ќе се удвои на 51.000 гривни (1.210 долари). Неплаќањето може да доведе до присилна наплата.

Во декември 2024 година, полицијата веќе го бараше Алексеј Порошенко за избегнување на воената служба. Неколку локални медиуми тогаш објавија дека тој ги игнорирал повиците за воен рок во октомври.

Алексеј и неговиот помлад брат Михаил живеат во странство од почетокот на руската инвазија врз Украина, пишуваат локалните медиуми.

Украина се мачи да најде нови регрути кои ќе ги заменат загубите поради конфликтот со Русија. Напорите за мобилизација на Киев беа дочекани со широко распространето избегнување на воената обврска и дезертерство.

Лани во април, Украина го ревидираше својот национален систем за мобилизација за да го реши недостигот на воен персонал. Реформите вклучуваа намалување на старосната граница за регрутирање од 27 на 25 години, заострување на правилата за мобилизација и воведување построги казни за избегнување на воената обврска.

Петро Порошенко е лидер на опозициската партија Европска солидарност и член на парламентот. Тој беше избран за претседател на Украина во 2014 година, само неколку месеци по драматичните случувања во Киев и државниот удар во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…

Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…

Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…

Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…