Детонатор ѝ експлодирал во рацете на радиоводителка во Киев

t

Утринава во студиото на украинската радиостаница „Армија ФМ“ во Киев се случила експлозија додека водителката ракувала со експлозивна направа за време на емисија во живо, пренесува хрватски „Индекс“.

Според украинските медиуми, утрово околу 10:50 часот, 25-годишната водителка за време на емисијата во живо зела детонатор „ВП-9“ и почнала да го превртува во рацете, што ја предизвикало експлозијата. Направата претходно во студиото ја донел гостин од редовите на украинската армија.

Детонаторот се користи како запалка за противтенковски ракети и служи за да ја иницира експлозијата на боевата глава при ударот во целта.

Од експлозијата жената се здобила со рани од шрапнели на рацете и стомакот и била пренесена во болница. Лекарите ја опишаа нејзината состојба како стабилна.

Киевската полиција соопшти дека ги истражува околностите на инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…