Имале „генерална проба“ – Киднаперите ја возат рутата до домот на Вања неколку денови пред да го киднапираат девојчето!
Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје презентираше, како дел од доказите, ЦД, на кое се гледа патничкото моторно возило Рено Кангу со регистарски ознаки СК 403 УИ како се движи во Центар и во Аеродром и тоа почнувајќи од пред седиштето на партијата Десна, на бул. Кузман Јосифовски – Питу во правен кон населбата Автокоманда, Гази Баба. Видео-записот е од ЈП Улици и патишта Скопје.
– На овој видео-запис се гледа возилото Рено Кангу, локацијата е раскрсницата на бул. Кузман Јосифовски Питу, во 5 часот 33 минути 30 секунди на 27.11.2023 година, пристигнува пред политичката партија Десна, доаѓа од бул. Крушевска Република. Се движи до 5 часот 35 минути и 15 секунди. Продолжува да се движи со запалени светла, поминува на семафорот, се движи право и продолжува по бул. Кузман Јосифовски Питу, објасни обвинителката.
Беше презентирано уште едно видео на истата локација, каде исто така се гледа движењето на возилото Рено Кангу.
На трета снимка, во 5 часот 36 минути и 15 секунди на 27.11.2023 година, се забележува Рено Кангу кое доаѓа до раскрсницата меѓу. бул. Кузман Јосифовски Питу со ул. Фрањо Клуз, поминува и продолжува да се движи кон бил. Јане Сандански.
Следниот презентиран видео запис покажува како во 5 часот 37 минути и 32 секунди се гледа како возилото Рено Кангу поминува на раскрсницата на бул. Јане Сандански ос Васко Карангелески и продолжува да се движи во насока кон Хотел Русија.
Во петтото видео, се гледа истото возило на раскрсницата бил. АСНОМ со бул. Србија во 5 часот 39 минути и 41 секунда, возилото се движи од десната страна, поминува и се движи по булеварот Србија.
Во 5 часот 40 минути и 41 секунда, предметната локација е раскрсница на бил.Киро Глигоров со ул. Перо Наков возилото Рено Кангу се движи во колоната возила, поминува и продолжува по Киро Глигоров, а вози во средната лента.
На 27.11.2023 на раскрсницата бул. Киро Глигоров со бул. Александар Македонски, во 5 часот 42 минути 42 секунди се забележува како возилото Рено Кангу стои на семафор, поминува и продолжува да се движи кон населбата Автокоманда.
Од посебно ЦД без презентирани снимки од ПМВ Мерцедес со регистарски таблички ВЕ 2732 АД во сопственост на обвинетиот Велибор Манев забележано од камерите на „Безбеден град“. Возилото се движи на 20.11.2023 година ов 9 часот 29 минути 37 секунди. Доаѓа од бул. Гоце Делчев и врти лево по ул. Беласица.
– На снимката може да се забележи дека во возилото има две лица, објасни обвинителката.
Во посебна папка, во 11 снимки се гледа како ПМВ Цитроен со регистарски таблички ВЕ 2931 АД е забележано на камерите од „Сејф сити“ како се движи во Скопје на 24.11.2023 година од ул. 102 во Гази Баба, Маџари, Триангла се упатува кон ул. Наум Наумовски Борче кадешто се наоѓа зградата од каде е извршено кривичното дело за оштетената Вања Ѓорчевска.
Обвинителката објасни дека пребарувањето во Сејф сити се врши преку регистарски таблички, така што дури и ако на снимките регистарската табличка не е видлива, не постои сомнеж дека станува збор за друго возило.
На сника од раскрсницата кај Кривичниот суд и Мавровка, се гледа возилото Цитроен.
– На оваа снимка може да се забележи дека има лице на возачко, совозачко седиште и уште едно лице позади, се гледаат три лица во возилото, објасни обвинителката. Возилото се движи кон мостот оце Делчев, продолжува кон Владата каде вози во првата лева лента и се престројува да сврти лево. Последната снимка од ова ЦД покажува како возилото како доаѓа од улица Михаил Цоков, поминува покрај Хотел Парк, се упатува кон улица Наум Наумовски Борче, односно зградата каде живеела оштетаната Вања Ѓорчевска, објасни обвинителката.
Како што објасни обвинителката, автомобилот Цитроен се движел по истата рута како на критичниот ден, односно се доближува до зградата каде живеело оштетеното девојче, што значи дека обвинетите неколку денови пред киднапирањето веќе ја знаеле рутата по која ќе поминат.
На понатамошните снимки се гледа како возилото неколку денови пред критичниот ден, го преместуваат возилото Цитроен од Триангла на локација која подоцна ќе се утврди дека е Бутел.
На 27.11.2023 година Цитроенот е забележан во Чаир во 6 часот 28 минути и 20 секунди на раскрсницата на ул. Христијан Тодоровски Карпош со ул. Ферид Бајрам. Возилото се движи право во насока кон Центар. Потоа Цитроенот продолжува со движење по бул. Христијан Тодоровски Карпош и во возилото се гледаат силуети од три лица, две напред, едно позади во возилото. Следно возилото продолжува по Џон Кедени, па по бул. Цветан Димов во Чаир, на раскрсницата кај Мавровка врти десно и продолжува кон мостот Гоце Делчев, кон Соборниот храм, па кон паркингот кај Хотел Парк каде позастанува и продолжува да се движи право кон зградата на оштетената Вања Ѓорчевска на улицата Наум Наумовски Борче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…
Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…