Објавено на:

Пронајдено писмо кај заробен војник: Ким Џонг-ун со новогодишна порака до своите сили во Русија

t

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изрази благодарност и охрабрување до војниците распоредени да се борат за Русија во војната против Украина во, како што се наведува написите на светските медиуми, неговата новогодишна порака до војниците, според извештајот на Вашингтон пост.

Американскиот весник вчера објави извештај за рачно напишани пораки испратени од Ким на 31 декември и 1 јануари, што укажува на тоа дека пораките можеби биле испратени до војници од Пјонгјанг или напишани од севернокорејски војници кои ги слушале нивните команданти како гласно ги читале пораките од Ким , објави Јонхап.

Во едно од писмата, со датум 31 декември, рачно напишано со сино мастило и потпишано од Ким, се наведува дека не може да најде зборови за соодветно да ги охрабри и изрази благодарност за посветеноста и неуморните напори на војниците.

„Доживеавте трогателни жртви и радости од скапите борбени победи, многу благородни борбени искуства, бесценето чувство на вистинско другарство и патриотизам, сето тоа далеку од татковината“, се вели во писмото.

Покрај тоа, на војниците им посакува добро здравје додека нивната воена мисија не заврши со победа и се повикуваат да ја удвојат својата храброст во борбата.

Се проценува дека Северна Кореја испратила околу 11.000 војници да ја поддржат Русија во нејзината војна против Украина, наведува медиумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец

Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…

(Видео) Иран го нападна Бахреин

Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…

„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…

Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…