МВР откри детали: Началник доби кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 и „затајување“, казниво по член 239 став 3 од Кривичниот законик.
На 12.01.2025 во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата.
Исто така, на 13.01.2025, С.Б. противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи .
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…