Села за инаугурацијата на Трамп: Проста логика е дека нема шанси една толку мала Македонија да има покани за сите партиски лидери
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 зборуваше и за инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп и учеството на шефовите на политичките партии од Македонија.
Села рече дека е нелогично толку мала Македонија да има покани за учество на инаугурацијата, што предизвикува сомнеж дека министрите кои отишле не биле поканети.
„Ако ова беше единствениот сегмент каде што се злоупотребуваа парите на граѓаните, секако дека би можеле да имаме економски развиена земја. Бесмислен натпревар кој станува уште посмешен кога ќе ги видите како се натпреваруваат во владата за да одат на церемонијата на инаугурација на претседателот Трамп. Додека простата логика јасно кажува дека нема шанси една толку мала Македонија да има покани за сите тие партиски лидери, а зачудувачки сите се дел од новото парламентарно мнозинство“, рече Зиадин Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Села не кажува дали ќе го напушти…
Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците…
Селата ќе останат празни, градовите пренаселени –…
Во ноември 2021 година се издадени 406…
(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…
Ковачевски нema никаков легитимитет, вели Села
Зијадин Села нема да поднесе оставка од…