Уапсен главниот психијатар на украинската војска, нелегално стекнал луксузни автомобили, станови, куќа, парцели…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) во вторникот го уапси главниот психијатар на вооружените сили за незаконско стекнување имот, а откриените детали се запрепастувачки.
Во официјалното соопштение не се споменува името на уапсениот психијатар, но се наведува дека станува збор за лице кое е заменик-претседател на Централната воено-медицинска комисија, која одлучува за способноста на воените регрути да служат војска, па затоа украинските медиуми пишуваат дека станува збор за Олег Друз.
СБУ објави дека овој службеник неоправдано стекнал имот во вредност од повеќе од 1 милион американски долари за време на руската инвазија. Притоа, пријавениот не го покажал соодветниот имот во имотната книшка и го запишал на име на сопругата, ќерката, синовите и трети лица.
Истрагата утврдила дека осомничениот се стекнал со значителен имот во периодот од 2022 до 2024 година: приватна куќа во Киев, два стана во Киев, стан во Одеса, две парцели во Киев, два автомобили БМВ Х7, и еден БМВ Х5, како и други средства. При претрес во неговиот дом биле пронајдени 152.000 американски долари и 34.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…