Објавено на:

Бајден му оставил писмо на Трамп:„Ми напишал да уживам“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека неговиот претходник Џозеф Бајден му оставил „инспиративна“ порака на неговото биро во Овалната соба во Белата куќа, продолжувајќи ја традицијата на размена на писма на денот на инаугурацијата, пренесе Ројтерс.

Трамп им рече на новинарите дека го отворил писмото во понеделникот вечерта и се уште размислува дали да го објави.

Според него, Бајден во писмото го советувал да ужива во својот мандат и ја истакнал важноста на претседателството.

„Тоа беше напишано: „До бројот 47“. Беше многу убаво писмо… Во основа, инспиративна порака.

Тој изјави дека можеби треба да го сподели писмото со јавноста, бидејќи тоа е „позитивна работа“ за Бајден.

Како што беше претходно објавено, Трамп рече дека нашол рачно напишано писмо на своето биро за време на церемонијата во Овалната соба, откако новинарот го прашал дали добил порака од Бајден.

Писмото го покажа пред камерите и рече дека прво ќе го прочита приватно, а потоа ќе одлучи дали ќе ја објави неговата содржина.

Поранешниот американски претседател Роналд Реган ја започна модерната традиција на пишување писма во 1989 година, оставајќи еднo за неговиот потпретседател и наследник, Џорџ Х.В.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…