Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски станаа владини советници на Мицкоски
Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски – Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски, пренесува Фактор.
За поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешниот претседател на Собранието може да се види дека добиваат исплати под шифрата „консултантски услуги“ на платформата „Отворени финансии“. Пешевски веќе редовно добива месечни исплати од 60.000 денари, додека Вељаноски од овој месец има една исплата од 38.710 денари што не може да се заклучи дали е целосна.
Во службата за односи со јавност на Владата прашавме кое подрачје ќе го покриваат Пешевски и Вељаноски како советници на премиерот, но од таму „Фактор“ не доби одговор во изминатите денови.
Пешевски беше виден на отворањето на патот Страцин – Крива Паланка на почетокот на месецов, заедно со другите членови на Владата и останатите државни функционери. За Вељаноски јавноста подолго време нема ништо прочитано, но и тој исто како Пешевски е поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, за кого велат дека често наминува во партиското седиште.
За Вељаноски можеше единствено да се прочита нешто откако беше обвинет за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, додека пак за Пешевски се пишуваше за случајот „Траекторија“ за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.
Инаку веќе е познато, иако Владата ова не го потврдува јавно, дека надворешни соработници на Мицкоски му се професорите Александар Спасеновски, Лазар Јовевски, Игор Николов и дипломатот Сашо Марковски.
На веб-страницата на Владата има посебен прилог за овој тип на советници, но нема линк на кој може да се видат имињата. Последен пат таму беа објавени имињата на 15-те поранешни надворешни соработници на претходниот премиер Димитар Ковачевски.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…
Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Бремена жена со хематоми по телото пријавила…
Четириесет и двегодишна жена од Босна и…
Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…
ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…