Една петина од Украинците би се иселиле од земјата
Еден од секои пет Украинци би се преселил во странство доколку се укинат ограничувањата за патување во земјата, според истражувањето на две независни тинк-тенкови, објави Kyiv Independent.
Украина е во војна откако Русија изврши инвазија во февруари 2022 година. Додека некои копнени граници се сè уште отворени, воздушниот сообраќај е суспендиран.
На мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштаат државата поради отслужување воен рок.
Доколку границите повторно се отворат за сите граѓани, 70 отсто од испитаниците рекле дека нема трајно да се преселат во друга земја, додека 21 отсто рекле дека се подготвени да го сторат тоа.
Фондацијата за демократски иницијативи Илко Кучерив и Центарот Разумков, вчера открија дека мажите и младите во Украина се најзаинтересирани за преселување – 25% и 33% од нив.
Наспроти нив, само 9% од испитаниците постари од 60 години изјавиле дека би сакале да заминат во странство.
На прашањето што би ги мотивирало да ја напуштат земјата, 30,5% го навеле недостатокот на можности за напредување, 29% заканата по животот поради воени конфликти и 29% недоволната социјална поддршка од државата. Дваесет и шест проценти од испитаниците рекле дека сакаат да се обединат со своето семејство.
Според податоците на ЕУ, 4,2 милиони Украинци имале статус на привремена заштита во Унијата од 31 август 2024 година.
Шеесет проценти од вкупниот број украински бегалци биле само во три земји – Германија (1,1 милион), Полска (975.000) и Чешка (376.000).
Анкетата на две украински тинк-тенкови беше спроведена помеѓу 29 ноември и 14 декември минатата година, опфатени 1.518 испитаници во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…