Најактивниот вулкан во светот повторно еруптираше
Вулканска активност е забележана околу 15 часот по локално време во Националниот парк „Вулкани“ на Хаваи, јавува ABC News.
Американскиот геолошки институт (УСГС), кој ја следи вулканската активност во САД, соопшти дека активноста на Килауеа го означила почетокот на новата фаза од ерупцијата, со појавата на „мали фонтани од лава“.
Претходно беа забележани слаби, повремени ерупции на лава, но дури подоцна се случи значително излевање, според УСГС.
УСГС предупреди на „значајни опасности“, вклучително и пукање на земјата и паѓање на камења.
Овие опасности може да се влошат со земјотреси, кои би можеле да ги загрозат луѓето кои го посетуваат националниот парк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…