Османи: Косово е подготвено за партнерство со новата американска администрација

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска оствари средба со вршителот на должноста на амбасадор на Соединетите Американски Држави во Косово, Ану Пратипати.

„За време на средбата, претседателот Османи и Пратипати разговараа за последните случувања во земјата, вклучително и посветеноста на косовските институции за одржување на стабилноста и унапредување на демократските реформи“, се вели во соопштението на Претседателството.

Исто така, како што соопшти Претседателството, „на средбата се разговарало и за учеството на претседателската делегација на Косово во инаугуративните активности на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп“.

Во оваа прилика,  претседателката Османи потврди дека „Косово е ангажирано и подготвено да продолжи со продлабочување на партнерството со новата американска администрација, засновано на заеднички вредности и стратешки интереси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…