Општина Кисела Вода ќе ги зголеми платите на вработените за 5000 денари

t

Платите на вработните во општина Кисела Вода ќе се зголемат за 5000 денари откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Синдикатот постигнаа договор. Почнувајќи од февруари, тие од општината ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од страна на централните институции, односно на Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари.

Како што соопштија од општината денес денес градоначалникот Ѓорѓиевски го потпиша новиот колективен договор со Претседателот на Синдикална организација на САДУ на Општина Кисела Вода Далибор Стојановски. На средбата се истакна дека оваа одлука е резултат на посветеност кон подобрување на условите за работа и мотивацијата на административните службеници, кои се клучен дел од функционирањето на локалната самоуправа.

„Во последните три години, Општина Кисела Вода бележи видлив напредок во сите области на своето работење. Овие резултати, меѓу другото, се должат на посветеноста и професионализмот на нашите административни службеници. Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е невозможно без мотивирана и вредна администрација. Со ова покачување на платите, сакаме да покажеме дека нивниот труд е ценет и дека ќе продолжиме да инвестираме во луѓето кои се основа на напредокот на општината“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…

Подготовките за создавање на суверена држава на…

Македонија пред нов, екстремно топол бран

Од четврток (20 август) па сѐ до…

Иран најави договор со Оман за безбеден…

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…

Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…

Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…

Велика Британија изјави дека стои зад Украина…