Објавено на:

Трамп нема да ја прекине испораката на оружје за Украина

t

Наредбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за привремен прекин на помошта за други земји не ги засега испораките на оружје во Украина, изјавија претставници на Пентагон, објавија дел од американските медиуми.

Како што објаснија од Пентагон, документот се однесува само на програмите за развој, додека воената поддршка на САД за други земји како Украина, Израел или Египет ќе продолжи. Ова значи дека остануваат во сила договорите за производство на оружје за Украина, а според програмата УСАИ (Ukraine Security Assistance Initiative), склучени од претходната администрација.

Исто така, указот на Трамп не влијае на претходно испланираните испораки од складиштата на Пентагон според програмата ПДА (Presidential Drawdown Authority) за кои објави Џо Бајден, претходникот на Трамп. Од почетокот на руската инвазија, САД за Украина потрошиле речиси 66 милијарди долари за воена помош, според најновите податоци од Стејт департментот.

Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата. Тој објасни дека ваквите дотации треба да поминат проверка за усогласеност со политичките цели на новата администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…