Објавено на:

Кузмановски на врвот на стрелците во главната фаза на Светското првенство

t

Maкедонија може да биде задоволна од изданието на македонските ракометари на Светското првенство на кое бевме блиску и до четвртфинале, а на крајот завршивме како 15-та репрезентацијата на Мундијалот.

Вистински лидер на теренот беше Филип Кузмановски кој е на врвот на листата стрелци од главната фаза заедно со Данецот, Гидсел.

По шест натпревари Кузмановски има 49 гола, исто колку и Гидсел, а зад нив следуваат: Тен Велде (46), Марзо (42), Рубин (40), Аладавани (39), Питлик (37)…

Кузмановски се здоби и со две признанија за играч на натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ