Палевски бара изземање на ЈО Скопје: „Пристрасност, криење на докази и политичко дејствување на Обвинителката!“

t

Првообвинетиот Љупчо Палевски, обвинет за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, побара изземање на целото Јавно обвинителство Скопје, поради како што вели пристрасност на обвинителката, нецелосна истрага и политичко дејствување на обвинителката.

– Се обраќам до републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски со барање за изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска Јосифовска и целото ЈО Скопје во судски процес за кој претседава претседател на судечки совет Ивица Стефановски. Не сум оптимист за Вашата правична одлука, но нека остане пишан документ каква криминална истрага спровеле вашите враотени.

Прилините и доказите се содржани во двата обвинителни акти кои се споени во една судска постапка која ја наведов претходно, во записникот на лажно сведочење на сведок на ОЈО Скопје, докази кои ги приложувам со ова мое барање за изземање. Исто така приложени се докази за вештачење на телефон Ајфон 13 про макс, податоци од базни станици, нецелосна и фалсификувана телефонска анализа, докази на вашето скопско обвинителство со што се докажува намерата, бидејќи сите обие докази се изготвени по јавнообвинителска наредба на обвинителката.

Надлежната обвинителка Јосифовска иако ги знаела фактите од нејзините докази, без да го вештачи телефонот на нејзиниот сведок, а со намера да ги негира моите наводи во исказот, кој како осомничен сум ги дал во ОЈО Скопје, донесе сведок кој со докази е докажан дека сведочел лажно. Криење на оружје на еден обвинител и тоа 421 ден, истражни, а денес веќе и судски процеси и дејствија, нерасчистување на таа важна околност, дали обвинетиот или обвинетите поседуваат оружје, со или без дозвола, е најсериозно кривично дело кое еден јавен обвинител може да го направи во судски процес за двојно убиство.

На пет сведоци на ОЈО Скопје, членови на политичката партија Десна, јавната обвинителка постави прашања дали виделе пиштол во мојата канцеларија, додека во девет искази пред ОЈО Скопје на ниту еден од обвинетите ниту еднаш не поставила ниту едно прашање дали поседуваат оружје. Расчистување на таа околност јавниот обвинител презел исклучиво за мене како обвинети, а МВР го известила дека мојот оиштол со дозвола ми е одземен шест месеци пред овој настан и сум казнет.

По добивање само на дел од доказите на 16.08.2024 година веднаш ја воочив оваа неправилност во истрагата што беше и причина веднаш да побарам податоци за останатите обвинети на околноста поседување на оружје, за што ви прилагам допис од мојот адвокат до СВР Велес, од СВР Велес бевме упатени на судот, да побараме податоци, а истото во листата на докази која ја поднесовме на 29ти 2024 побаравме од судот да издаде наредба, судијата Стефановски до денес не се произнел дали ќе донесе таква наредба.

Господине Коцевски, судот исто така, истиот ден ѝ доставил на јавната обвинителка дописи и морала по службена должност да ги провери тие факти. ЈО заборавила да ја стави во листата на докази и чаурата. Јас како обвинет ја приложив важната чаура како доказ на одбраната.

Овој долг увод е објаснување на сомнежите кои се основани, затоа што денес со ова барање за изземање доставувам и доказ за сторено кривично дело на вашата ЈО. Сообвинетиот Боре Видевски поседува пиштол, 9 мм, со дозвола издадена на 15.01.1999 година. Во евиденцијата поседува и ловна пушка, од 12 мм калибар со фабрички број 921783 и дозвола издадена на 14.02.2001 година.

Под број два, криминалистичката практика покажува дека вакви злосторства се вршат со оружја купени на црниот пазар, но ЈО е должен на самиот почеток оваа околност да ја расчисти. Зошто тоа ЈО Јосифовска не го сторила треба да Ви одговори Вам.

Во претрес кај Боре Видевски, претходно приведен во ПС Велес, во записникот за претрес на дом пиштолот не е евидентиран, го нема, не постои. Зошто тоа ЈО Јосифовска не го зела предвид кога ја водела истрагата е уште еден доказ за намера и свесност во креирање на обвинителни акти без ниту еден доказ.

За обвинетиот Боре Видевски не постои потврда за привремено одземени предмети издадена од СВР Велес, ниту една. Истиот ден, 03.12 кога е лишен од слобода Боре Видевски, за Велибор Манев се пишани три потврди за одземени предмети, за Боре Видевски во списите не постои потврда за одземени предмети.

Сите овие докази, посебно дозволата, да ви помогнам полесно да ја најдете, не се наоѓаат во новиот систем АБИС на МВР туку во стариот систем за евиденција на оружје, ХОСТ, каде се наоѓаат сите стари дозволи. Ви прилагам копија, сликан монитор на МВР каде се уште постојат правдољубиви луѓе и ваквиот факт го доставија на одбраната.

Сите овие докази се доказ за стореното кривично дело на вашата ЈО Јосифовска затоа што знае дека секоја издадена дозвола на МВР поседува отисок за испалување и брзо и точно може да се утврди дали со оружјето кое намерно не го барала е сторено или не е сторено ова кривично дело. Прашања на кои ЈО Јосифовска мора да ви одговори се следните:

– Каде е пиштолот Зброевка 75 В, сопственост на еден од обвинетите?

– Зошто 421 ден до денес Јосифовска не го расчистила овој факт?

– Зошто чаурата не ја приложила во листа на докази?

Грдата слика за целиот правосуден систем во РМ е последица на вакви политички извршувања на политички наредби од страна на јавни обвинители, затоа што никој нормален човек не може да најде разбирање за непоставување на ниту едно прашање на пет обвинети, дали поседува оружје со или без дозвола. Затоа, нека остане трага во правосудниот систем дека е докажано кривично дело на јавен обвинител во истрага.

Обвинет,

Љупчо Палевски.

Поради барањето за изземање гланата расправа се одложува, а ЈО има рок од три дена да се произнесе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…