Објавено на:

Десетици илјади Палестинци се движат по главните патишта кон северот на Газа

t

Десетици илјади Палестинци се движат по главните патишта кон северот на Газа откако Израел ги тргна блокадите по одлуката на Хамас да ги ослободи заложничката Арбел Јахуд и уште двајца заложници. ТВ-снимките покажаа големи толпи во движење и очевидци кажаа дека првите жители пристигнале во градот Газа во раните утрински часови.

Според договорот за примирје, жителите на северна Газа требаше да се вратат викендов, но Израел кажа дека Хамас го прекршил договорот зашто не ја ослободил Јехуд и ги држел премините затворени. Доцна синоќа, катарските посредници објавија дека Хамас се согласил да ги пушти Јехуд и уште двајца заложници пред петок. Нивното ослободување го потврди и израелскиот премиер Нетанјаху.

„Ќе им дозволиме на раселените семејства од Газа да се вратат во своите домови на северот, почнувајќи од понеделник наутро“, напиша тој на Икс, додавајќи дека нема да толерира никакво кршење на договорот.

Околу 650.000 Палестинци чекаат да се вратат во северниот дел на Газа, кој е целосно уништен по 15-месечните бомбардирања и копнената офанзива на Израел.

Хамас во саботата пушти четири припаднички на израелската војска, а Израел ослободи 200 палестински затвореници, од кои повеќето отслужуваа доживотна казна. Сепак, Израел инсистираше цивилната заложничка Јехуд да биде ослободена пред војниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трoјца уапсени под сомнение за планирање „насилна…

Вишото јавно обвинителство во Белград на 25…

ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави…

МНР во комуникација со семејството на момчето…

Министерството за надворешни работи информира дека до…

(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…

Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…