Повредено 6- месечно бебе и уште 5 лица во сообраќајка на Водно

t

Во СВР Скопје вчера во 18 часот било пријавено дека на локалниот пат Скопје- Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(60) и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(34), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Ј., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и шестмесечно бебе, како и возачот С.Б. и неговите сопатници В.Ј.(29) и К.В.(30), сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го осуди договорот на Трамп со…

Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…

Над 300 милиони луѓе во светот немаат…

На 10 октомври секоја година се одбележува…

Приведени директори и вработени во Национални шуми,…

Директор на подружница на ЈП „Национални шуми“…

Русите потврдуваат: Путин во разговорот со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор…

10 октомври – Светски ден на менталното…

Денеска, 10 октомври, ширум светот се одбележува…