Мицкоски: Како директор на АНБ Христовски има вонсериски резултати, разби три многу сериозни терористички ќелии во државава
„Паѓаат тезите во јавноста дека Бојан Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ, со оглед на тоа што тој поседува безбедносен сертификат од највисок вид. Како директорот на АНБ изминатите недели односно месеци откако е именуван, тој покажа вонсериски, извонредни резултати и разби три многу сериозни терористички ќелии во државава.“ – изјави премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во вчерашното интервју во емисијата „360’ степени на Првата програма на Македонската телевизија.
Запрашан зошто „одлучи да го спасува Христовски“, премиерот Мицкоски одговори дека нема зошто да спасува функционер, кој постигнува вонсериски резултати. „Неспорен факт е дека Бојан Христовски во моментот е носител на сертификат за безбедност, кој е од највисок вид не само кај нас, како држава, туку и во рамки на НАТО. Тој сертификат го поседуваат 36 луѓе, меѓу кои сум и јас: дванаесет вработени во Дирекцијата за безбедност на класификувани нформации и луѓето, коишто работат во НАТО-мисијата во Брисел. Тој сертификат го поседува Бојан Христовски.“ – нагласи Мицкоски.
На забелешката дека „тој сертификат го издава македонска институција по проверки од Агенцијата за национална безбедност, премиерот Мицкоски дополни: „Тоа е институција, која работи врз основа на строгите правила и под набљудување од НАТО. Затоа што не може вработени во НАТО-периметарот, коишто го поседуваат овој сертификат, издаден од истата таа институција, да не се набљудувани од НАТО-структурата, или, од седиштето на НАТО. Апсолутно со сето ова паѓаат во вода сите оние тези во јавноста дека тој не исполнува услови за безбедносен сертификат, или не знам што.“
Според Мицкоски, директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски изминатите недели, односно месеци откако е именуван, покажал извонредни резултати и разбил три многу сериозни терористички ќелии во државава.
На прашањето „ако фалсификувал документ еднаш, како може да му се верува дека тоа нема да го направи и во иднина“, Мицкоски одговори: „Дозволете да имаме различни мислења. Сепак, ќе почекам да видам што ќе одлучи онаа институција, којашто треба да одлучи. Како што разбрав, Обвинителството покренало случај, па да видиме што ќе каже поврзано со сето тоа. Но како претседател на Владата можам да судам врз основа на квалитетот на извршување на работните задачи, коишто се вонсериски во овој момент.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…