ЕСМ бара да поскапи парното во Скопје
Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со отпад за зголемување на максималниот регулиран приход и цената за 2024 година.
Според поднесеното барање, ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија, кој за 2024 година изнесува 1.723.922.246 денари, како и на предадените количини на топлинска енергија од 472.622.547 kWh. Компанијата дополнително бара зголемување на трошоците за гориво за 2024 година за 12,92%.
Регулаторната комисија повикува сите заинтересирани правни и физички лица да ги достават своите мислења и предлози во врска со ова барање најдоцна до 28 јануари 2025 година до 12:00 часот. Предлозите може да се достават преку е-пошта ([email protected]), факс (02/ 32 33 586), или на адреса (ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков, 6-ти спрат, 1000 Скопје).
Целта на ова барање е усогласување на трошоците и количините на топлинска енергија за тековната година, во согласност со финансиските проекции на ЕСМ. Решението за барањето ќе биде донесено по разгледување на сите пристигнати предлози и мислења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…