Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово, било вакцинирано со две дози вакцина
Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина – последна доза пред повеќе од три години.
Регистриран е и еден нов случај на Ковид-19. Станува збор за лице од Струга. Минатата недела евидентирани биле три оздравени лица. Во текот на годината, заклучно со 26 јануари, регистрирани биле вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во јануари е за 2,3 пати поголем во однос на декември.
„Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица“, нагласуваат од ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Пензионер од Охрид му вперил пиштол на…
73-годишен охриѓанец ќе одговара за две сериозни…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и…
Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј…
Денес и утре топло, во недела услови…
Сончево и многу топло со мала до…