Над 200 лица лани добивале плата, а не доаѓале на работа во ПИОМ, ревизорите утврдија повеќе нерегуларности
Ревизијата утврди повеќе нерегуларности и кадровски проблеми во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).
Според извештајот на Државниот завод за ревизија, лани во ПИОМ биле ангажирани 206 лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот имал обезбедено согласности од Министерството за финансии за извршување работни задачи, а за кои биле потрошени над 800.000 евра.
„Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица што не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани, при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите“, се наведува во извештајот.
Нотирано е и дека ПИОМ лани собрал рекордни 63 милијарди денари од придонеси, но повеќе од 30 проценти од потребните средства за исплата на пензиите биле покриени со државни трансфери. Причина за тоа е недоволниот број активни осигуреници – трошоците за еден пензионер во просек ги покриваат двајца вработени.
Според извшетајот, ПИОМ со години се соочува и со недостиг на стручен кадар, особено во клучните сектори, како подрачните единици, ИТ-одделението и внатрешната ревизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Бремена жена со хематоми по телото пријавила…
Четириесет и двегодишна жена од Босна и…
Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…
Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…
ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…
59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…