Кавга во коалицијата – Касами со критика кон Стоиљковиќ: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

t

Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами, изрази критика кон потегот на заменик премиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, поради неговиот прием на Милорад Додик, претседателот на Република Српска.

Касами ја даде оваа изјава денеска во Тетово, на настан организиран од општината како дел од Унијата на турските општини во светот.

Кога сме во јавни функции, сигурно дека треба да сме свесни за позициите кои ги носиме од тие позиции, ние ги претставуваме сите граѓани, не може додека сме во тие позиции да изразуваме наши лични желби и лични позиции. Не може во министерство да се прима еден човек кој е на црната листа на Соединетите Држави и да се каже „Тој е мој личен став и тоа е лична желба“. Македонија е мултиетничка и во позицијата која ја носи дотичниот министер, треба да биде свесен дека треба да ги претстави сите заедници во Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сигурно и Србите. Затоа се надевам дека ова ќе биде последна изјава и последни јавно изнесени ставови на министерот во оваа насока за тоа што значи тој треба да биде свесен и чувствителен за мултиетничиот карактер на Македонија, рече Касами денес во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…