Гаши не го интересира колку пари потрошил во Вашингтон
Претседателот на Парламентот, Африм Гаши, одби денес да им каже на новинарите колку пари чинела неговата политичка екскурзија во Вашингтон со изговор дека тој „не се занимава со трошоци“, иако тврдеше дека водел сметка за парите на граѓаните и зел со себе само обезбедување место и членови од кабинет.
Околу дилемата зошто, ако Собранието е транспарентна институција, неговата „официјална посета“ не беше најавена однапред како сите останати и зошто од престојот во Вашингтон немаше ниту едно соопштение за некаква активност, Гаши одговори дека кога стигнал таму и кога видел дека сите граѓани имале пристап до салата во која бил поканет за инагурацијата и дека тоа личело „на митинг“, оценил дека би било несериозно да објави соопштение за настанот. Патем, на истиот митинг беше и премиерот Христијан Мицкоски,кој се уште тврди дека посетата била голем успех и дека остваруил значајни средби. Гаши, како и Мицкоски посочи дека покана добил од Конгресниот комитет за инагурации , но се сменил планот како ќе се одвива инаугурацијата и место пред Капитол Хил, завршил на политичкиот митинг.
Видно изнервиран што новинарите не му го „купуваа“ тврдењето дека „секој граѓанин знае колку е важно што наш спикер на Парламентот бил на инаугурацијата“, и што не можеше да објасни што беше користа од неговиот престој таму, тој грубо се скара со новинарите упатувајќи ги за трошоците – да побараат информација преку механизмот за слободен пристап до информации и упатувајќи им забелешка да прашуваат, а не да квалификуваат.
Уште повеќе Гаши веруваше дека граѓаните биле многу среќни и кога тој бил на самитот на НАТО во Вашингтон (патем со сопругата и надвор од официјалната делегација) иако не беше вообичаено досега спикер на Парламент да оди на вакви настани кои не се во описот на неговата работа,туку на тие што ја водат надворешната политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 69 отсто зголемени пријавите за семејно…
Бројот на пријавени случаи на семејно насилство…
Тинејџер уби човек по групна тепачка пред…
Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен…
Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…
Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…