Чупеска: Советниците на Мицкоски значат уште поголемо влијание на Груевски во Владата

t

Тешка катастрофа е инкриминирани лица да бидат советници на премиерот, тоа значи уште поголемо влијание од сегашното на Груевски. Ние имавме многу прилики да видиме, да слушнеме од бомбите што тие луѓе правеа, така што, си продолжуваат по старите режимски навики, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Чупеска нагласи дека тоа се луѓе коишто директно работеа со Груевски и потсети на дел од работите што го правеше, како што го нарече, режимот, меѓу кои и упадот во Собранието на 27 ми април.

-Најмалку им е место во владата на вакви луѓе, што ќе советуваат, како се прави државен удар? Стварно е толку невкусно тоа што еманира порака према јавноста дека неказнивоста е можна. Да си влезете во Собрание, да ги претепате народните пратеници и никому ништо, нагласи Чупеска.

Едно е лагалистичкиот пристап но во никој случај не смее моралните и хуманистичките норми, нормите што се врзани за демократијата, којашто е гаранитрана во нашиот Устав да бидат доведени во прашање, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, за емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…