Во Русија се подготвува закон за забрана на сатанизмот
Државната дума на Русија почна да го подготвува законот за забрана на сатанизмот во Русија и наскоро ќе го претстави, изјави пратеникот на Државната дума Николај Бурљаев.
„Почнаа да подготвуваат предлог, кој сега го забрзавме, за забрана на сатанизмот… Веќе почнавме да го подготвуваме. Се надевам дека нашиот комитет наскоро, буквално за една недела, за 10 дена, ќе претстави законот против сатанизмот“, рече тој на тркалезната маса на Комитетот на Државната дума за развој на граѓанското општество.
Тркалезната маса во Државната дума на Руската Федерација се одржува како дел од Божиќните едукативни читања. Темата на овогодинешните читања е „80. годишнина од големата победа: сеќавање и духовно искуство на генерациите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…