Левица и СДСМ поднесоа заедничка иницијатива за надзорна расправа за загадениот воздух

t

Пратениците на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) во Собранието поднесоа иницијатива со која бараат да се одржи Надзорна расправа во парламентот во врска со загадениот воздух. Иницијативата за Надзорна расправа, како што кажа координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, ја покренуваат заедно со пратеници на Левица и сметаат дека борбата против загадениот воздух може да ги обедини сите пратеници во македонскиот парламент.

Според Спасовски, ваквите деловнички и законски инструменти се една од основните функции на Собранието, за да може сите да седнат на една маса и пред граѓаните да ги отворат сите прашања.

„Зачувувањето на животната средина е една темелна вредност којашто е загарантирана со Уставот. а е дел од корупусот социјални, економски и културни права на граѓаните, а нè тангира и сите нас поединечно и сите нас заедно. Токму затоа сметам дека одговорноста пред сè на пратениците во овој дел e заеднички да седнеме и да разговараме за решенија. Врз основа на тие решенија што ќе ги изнајдеме да произлезат активности коишто ќе допринесат за зачувувањето на животната средина“, истакна Спасовскии.

Надзорната расправа ќе се спроведе на собраниската Анкетна комисија со која претседава лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Пратеникот Борислав Крмов потенцираше дека за првпат се свикува ваква надзорна расправа со потпис од 15 пратеници, заедно со дел од пратеничката група на СДСМ.

„Еден од најпоразителните податоци е тоа дека 11,6% од новороденчињата умираат заради загаден воздух, односно секое деветто бебе. Затоа ја свикавме оваа надзорна расправа“, порача пратеникот.

Секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките ПМ 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Особено загрижувачки е дека еден од девет смртни случаи кај деца до една година во земјата е поврзан со загадениот воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…