„НА ПАРТИЗАНСКА, КАЈ СИЛБО, ЗАЕДНО ДА ГО БЛОКИРАМЕ БУЛЕВАРОТ“: граѓаните се организираат на протест по смртта на Фросина

t

Освен што ќе ги бојкотирате маркетите, појдете на „Партизанска“, пешачкот кај Силбо, во 13.00 и заедно да го блокираме булеварот.

Вакви апели се споделуваат на социјалните мрежи од вчера вечерта. Граѓаните се револтирани по објавуањето на веста дека младата Фросина загина на пешачки премин кој го поминувала уредно на зелено светло.

Граѓаните бараат промени, особено проади фактот дека возачот кој ја усмрти младата и надежна Форсина бил со криминална историја, но наместо во затвор беснее по улиците под дејство на алкохол.

– Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!!

А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!! – е еден од апелите кои се споделуваат на Фејсбук. Но, има повеќе.

По вчерашната трагична сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која беше прегазена и загина 22-годишната Фросина Кулакова, на социјалните мрежи се споделуваат повици за протест кој ќе се одржи утре.

Според објавите, се повикува на протестен собир и блокада на булеварот, во знак на револт против дивеењето на возачите и небезбедноста на улиците. Во најавите, кои немаат конкретен организатор, се споменува дека протестот ќе започне во 13 часот.

Граѓани денеска спонтано оставаа цвеќе и пораки на сочувство на местото на несреќата кај Универзалната сала.

Обвинителството денеска соопшти дека 20-годишниот возач В.Ј., кој ја усмрти Фросина возел пијан и без возачка дозвола, со огромна брзина и поминал на црвено светло додека девојката го поминувала булеварот на пешачки премин. На возачот му беше одреден притвор од 30 дена.

Претходно, Обвинителството соопшти дека тој бил обвинет за продавање дрога и дека во таа постапка бил во притвор, но скопскиот Кривичен суд му го укинал притворот и го упатил во воспитно-поправниот дом во Тетово.

Граѓаните кои преку цел ден палат свеќи и оставаат цвеќе на местото на кој прерано згасна животот на младата студентка се ужаснати од информациите дека зад воланот било момче без дозвола кое пијано поминало на црвено и ја прегазило Фросина. Велат не се чувствуваат безбедно, бидејќи по скопските улици особено на булеварите се вози како на рели трки.

На социјалните мрежи граѓаните револтирани бараат одговори и одговорност зошто на 20 годишникот со досие му се прогледувало низ прсти за досегашните прекршоци и се дозволило да загрози човечки животи. Се споделуваат остри критики паралелно со безброј пораки на сочуство до семејството.

За потсетување, точно пред три години се случи слична трагедија, на истиот булевар
На 20 јануари 2022 година, на пешакиот премин пред трговскиот центар Сити мол животот го загуби младата Викторија Николова, а уште едно лице беше повредено.

Девојката имаше 24 години, и поминувала преку пешачки премин, кога на неа налетал автомобил Тојота и ја отфрлил неколку метри, по што починала на самото место, зад воланот седеше 22- годишно момче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…